Sunday, April 28, 2013

Најголемиот авион кој еден човек го изел

Мишел Лотито или познат како „господин сештојад“ е човекот кој го изел најголемиот авион Цесна 150 (а веројатно и единствениот). Постојат многу рекорди врзани за јадењето или за брзото јадење на нешто. Но овој човек ја изел најлудата и најневеројатната работа-авион. Тој е нормален човек кој што јаде метал, стакло.....



Докторите утврдиле дека кај него стомачната слузокожа е два пати поголема отколку кај обичните луѓе.





Хотел со површина од 37 метри квадратни изграден од карти за играње

Брајан Берг ја направи највисоката кула од карти и на тој начин влезе во Гинисовата книга на рекорди по втор пат. На 17 годишна возраст тој за прв пат влезе во Гинисовата книга на рекорди со градење на кула од карти. Вториот пат на 34 години тој сам си го сруши рекордот со градење на хотел од карти на површина од 37 метри квадратни.




 Хотелот имал спална соба, трпезарија и купатило. Мебелот бил направен во природна големина од карти. За ова Брајан употрбил 200.000 карти.



Monday, April 22, 2013

Кршење на јаца со глава за една минута


Американскиот студен Скот  Дамроу од Корпус Кристи, Тексас, успеа за една минута со глава да скрши 142 јајца и со тоа да се запише во Гинисовата книга на рекорди. 



       Овој млад студент на Технолошкиот институт во Џорџија успеа да го собори последниот Гинисов рекорд за најмногу скршени јајца со глава во минута кој изнесуваше 130 јајца.
 

- Навикнат сум да удирам фудбалски топки, изјавил Дамероу за ТруТВм, истакнувајќи дека така дошол до идејата да ја употреби својата глава и за соборување на Гинисов рекорд.